Петмина загинати на границата меѓу Нагорно Карабах и Азербејџан

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти денеска дека тројца ерменски и двајца азербејџански војници биле убиени во вчерашната престрелка на границата со Нагорно Карабах. Во соопштението министерството ја обвини Еременија дека нејзини војници го предизвикале инцидентот. Засега нема реакција на ерменските власти. Во овој регион има чести инциденти откако ерменците во Нагорно Карабах во деведесетите години го отфрлија владеењето на азербејџанските власти. Во тогашната војна загинаа над 30 илјади луѓе.