Босна може да се врати на вистинскиот пат, изјави Инцко

Високиот претставник во БиХ Валентин Инцко изјави дека Босна ќе може да се врати на вистинскиот пат на просперитетот и стабилноста кога властите во земјата повторно ќе ги насочат напорите кон имплементирање на реформите кои ќе обезбедат влез во евроатлантските интеграции.
Во обраќањето на на Европскиот форум што се одржува во Австрија, Инцко истакна дека поради внатрешните политички околности, БиХ не била во можност целосно да ги искористи приликите кои ги нуди подобрената клима во регионот, оценувајќи оти тоа може да се промени.