Србија да избере „среден пат“ во политиката кон Косово

Србија во однос на Косово ќе треба да ја примени политиката на среден пат, односно да не ја признае независноста на Косово, но и да избегне конфронтација со меѓународната заедница и нејзините најзначајни фактори, изјави денеска српскиот министер за труд и социјална политика Расим Љајиќ.
Љајиќ за новинарите изјави дека Србија е подготвена на секаков договор во однос на нацрт-резолуцијата за Косово, но нагласи дека постои и „црвена линија“ чии граници нема да ги премине, а тоа е директно или индиректно признавање на Косово.