Дел Понте - не сум им се заканувала на сведоците во Хаг

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте ги отфрли обвиненијата дека со другите обвинители им се заканувала и ги уценувала сведоците, со цел противзаконски да собере докази.
Трибуналот неодамна наложи отпочнување на прелиминарна истрага за тврдењето на некои сведоци во постапката против Воислав Шешељ дека биле вознемирувани и заплашувани од обвинителите. Дел Понте сега е амбасадор на Швајцарија во Буенос Аирес, Аргентина.