85 килограми марихуана запленити во Пеќ - Косово

Косовската полиција заплени денеска во Пеќ 85 килограми марихуана и уапси три лица осомничени за шверц со дрога, соопшти полицијата.
За време на претресот на три куќи, полицијата пронашла околу 85 килограми марихуана, спакувана и подготвена за продажба. Запленет е и автомобил, воздушен пиштол и пиштол од типот „глок“ 635 милиметри. Едно лице е во бегство, а вредноста на конфискуваната дрога е проценета на 50.000 евра.