САД ќе стават крај на војната во Ирак

Соединетите Американски Држави формално ќе прогласат прекин на нивните воени операции во Ирак, седум ипол години по инвазијата во земјата, поради режимот на Садам Хусеин. Претседателот Барак Обама денеска преку телевизиско обраќање од овалната соба во Белата куќа треба да стави крај на војната и да соопшти дека земјата ќе се фокусира на борбата со Талибанците во Авганистан.