Уапсени курдски терористи во Турција

Турските безбедносни сили денеска уапсија тројца луѓе, осомничени дека се членови на Курдската работничка партија, откако откриле 65 килограми експлозив скриени во нивниот автомобил. Експлозивот бил скриен во резервоарот за гориво на автомобилот кој бил запрен во Дијарбакир, главниот град на југоистокот на Турција каде што Курдите се мнозинство. Апсењето е во период кога Курдската работничка партија еднострано прогласи прекин на огнот поради светиот месец Рамазан.
Курдите ја почнаа војната за самоуправување на курдскиот дел од земјата во 1984. Конфликтот досега однесе околу 45 илјади жртви.