Експлозија и повредени во српско село на Косово

Во експлозија во селото Бостане во општината Ново Брдо на Косово се повредени шест луѓе, од кои еден е потешко повреден, но никој не е во животна опасност. Несреќата се случила синоќа околу 22 часот во импровизиран угостителски објект во центарот на селото за време на прослава на селска слава.
Косовската полиција за сега не соопштува детали во врска со експлозијата. Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно станува збор за рачна бомба. Во селото Бостане живеат 20 српски и 14 ромски семејства.
Рачна бомба вчера беше фрлена и врз полициска станица во градот Зубин Поток во северниот дел на Косово.