Карзаи ги осуди обвинувањата во американските медиуми

Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги осуди наводите во американските медиуми кои тврдат дека високи авганистански владини функционери добивале пари од ЦИА, во замена за информации.
Во соопштението од кабинетот на Карзаи има остра осуда за „неодговорните обвинувања кои само создаваат сомнеж“.
Весниците Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост објавија дека ЦИА им плаќала во кеш на владини функционери кои им давале информации.