Џими Картер ја напушти Северна Кореа

Поранешниот американски претседател Џими Картер замина од Северна кореа заедно со американскиот државјанин кој беше уапсен под обвиненија за илегален влез во земјата. Аијалон Гомез беше уапсен во јануари поради тоа што наводно се обидел илегално да влезе во Северна Кореа. Севернокорејската новинска агенција јави дека еден од севернокорејските лидери – Ким Јонг Нам – го уверил Картер дека севернокорејските власти се подготвени да продолжат со разговорите за нуклеарно разоружување.