Украина:исчезнатиот новинар најверојатно мртов

Министерот за внатрешни работи на Украина, изјави дека новинарот кој беше пријавен за исчезнат на почетокот на месецот најверојатно е мртов и дека безбедносните сили се вмешани во неговото исчезнување. Министерот за внатрешни работи Анатолиј Могилов не откри други детали во врска со случајот на уредникот на неделникот „Новиј Стил“ Василиј Климентјев кој беше пријавен за исчезнат на 11 август.