Узбекистан уништи пола тон хероин од Авганистан

Властите во Узбекистан денеска уништиле околу половина тон конфискуван авганистански хероин, чија вредност се проценува на околу 150 милиони долари. Како што е соопштено во Ташкент, над 700 килограми друга, вклучувајки и 500 килограми хероин биле изгорени во една фабрика за метал во присуство на новинари и дипломати. Од почетокот на годинава во Узбекистан биле запленети 2,5 тони дрога од шверцери од Авганистан.