Ким Џонг Ил во посета на Кина

Северно-корејскиот лидер Ким Џонг Ил веројатно е во посета на Кина. Ваквата информација ја јавија јужно-корејските медиуми, но кинеското министерство за надворешни работи одби да ги коментира. Ким Џонг Ил ја посети Кина и во мај годинава, но вообичаено за неговите посети во странство се објавуваат информации откако ќе се врати во земјата.