Нови бомбашки напади во Ирак, десетици жртви

Најмалку 60 лица се убиени а 250 лица се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Ирак и уште неколку други инциденти во земјата. Во најкрвавиот бомбашки напад загинале 30 лица а била уништена полициска станица во Кут на 150 километри од Багдад. Нападите се извршени помалку од седум дена по повлекувањето на американските безбедносни сили од Ирак, а нивна цел биле ирачките безбедносни сили.