Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде суво и топло. Преку денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од 13 до 21, а дневната ќе биде од 30 до 37 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.