Грузија:Русија распореди ракети во Јужна Осетија

Грузија денеска ја обвини Русија за распоредување на ракети од типот С-300 во втората отцепена грузиска област Јужна Осетија. Министерот за надворешни работи Григол Вашаџе изјави дека ракетите веќе се распоредени во регионот Цхинвали,тоа е грузиското име за Јужна Осетија. Москва, која претходно овој месец распореди ракети во Абхазија , негираше дека проектили се распоредени на територијата на Јужна Осетија. Грузија и поголемиот дел од меѓународната заедница инсистираат на тоа дека сепаратистичките републики Абхазија и Јужна Осетија се составен дел од грузиската територија. Русија ги призна двата региони како независни држави.