Косовските власти ќе лобираат во Њујорк

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и министерот за надворешни работи Скендер Хисени на почетокот на септември ќе престојуваат во Њујорк за време на заседанието на Генералното собрание на ОН, соопштуваат од Владата на Косово. Косовските власти на маргините на заседанието на Генералното собрание ќе имаат бројни средби на кои ќе лобират за признавање на Косово , но и против прифаќање на предлог резолуцијата на Србија . Според портпаролот на косовската влада, Косово има подржка од САД и од западните земји.