Разговори Пакистан- ММФ во Вашингтон

Преставници на Пакистанските власти, денеска во Вашингтон треба да се состанат со преставници на Меѓународниот монетарен фонд. Се очекува тие да разговараат за помошта од ММФ за подршка на економијата во Пакистан, кој е погоден од поплавите. Од ММФ велат дека ќе го разгледаат буџетот на Исламабад и економските можности во земјата. Во меѓувреме пакистанското министерство за надворешни работи изрази благодарност до меѓународната заедница за собраните над 800 милиони долари донации за помош на луѓето во поплавените региони.