Асоцијациите на медиуми загрижени за украинскиот уредник

Од меѓународниот прес институт денеска изразија загриженост за исчезнувањето на украинскиот уредник Васил Климентјев кој е исчезнат од 11 август. Од украинската организација за слободни медиумите исто така се загрижени и велат дека можеби уредникот е мртов, затоа што неговиот телефон е пронајден на еден брод во регионот на Харков. Климентјев е уредник на неделникот „Новиј Стил“ кој се занимава со истражувачко новинарство и случаи поврзани со корупцијата во регионот на Харков. Украинскиот претседател Виктор Јанукович минатата недела изјави дека тој лично ќе го надгледува текот на истрагата за исчезнувањето на уредникот.