Преговори ММФ - Србија за нова рата од кредитот

Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд денеска во Белград ги започна преговорите со претставници на српската влада петтата ревизија на стенд бај аранжманот во вкупен износ од околу 3 милијарди евра. Главна тема е Законот за фискална одговорност, односно до кое ниво може Србија да се задолжува, а ќе бидат разгледани и макро-економските движења, како и извршувањето на досега превземените обврски. Преговорите ќе траат до 31-ви овој месец и ако бидат успешни, Србија ќе може да повлече нова рата од кредитот.