Заложничка драма во Манила

Вооружено лице држи како заложници 18 луѓе во еден туристички автобус во главниот град на Филипини, - Манила. Според полицијата, киднаперот бил поранешен полицаец, кој бил отпуштен од работа. Најнапред во автобусот имало 25 лица, повеќето туристи од Хонг Конг, но киднаперот ослободил 7. Во тек се преговори со напаѓачот.