Средба Прванов – Иванов во Охрид

Македонија и Бугарија споделуваат заедничка визија за иднината, во која сите земји од регионот ќе бидат интегрирани во европските и евроатлантските структури, како најважен предуслов за трајна стабилност,оценија македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиуот бугарски колега Георги Прванов на средбата во Охрид. Во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов се вели дека двајцата претседатели заклучиле дека двете земји треба да ги искористат реалните потенцијали за јакнење на економските односи и дека ќе ја интензивират соработката во проекти за градење и подобрување на патната, железничката, енергетската инфраструктура. Двајцата Претседатели разговарале и за други актуелни регионални и меѓународни прашања, се вели во соопштението.