Генералното собрание на ОН ќе расправа за резолуцијата за Косово, која ја поднесе официјален Белград после објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата, во четврток на 9 септември, објави весникот „Данас“ повикувајќи се на извори во државниот врв на Србија. Истиот ден треба да биде одржано и гласање, но тоа ќе зависи од текот на расправата и одлуките кои, во консултација со заинтересираните страни во ОН, ќе ги донесе Либија, земјата која претседава со Генералното собрание.