Медведев во посета на Ерменија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев е во дводневна посета на Ерменија каде што ќе има средба со неговиот домаќин Серж Саркасјан. Предвидено е потпишување договор за продолжување на руското воено присуство во Ерменија, а според официјален Ереван, руската воена база во Ерменија ќе остане до 2044-та година, во замена за оружје и современа воена опрема.