Јосиповиќ му ги одзема одликувањата на Главаш

Претседателот на Хрватска Иво Јоспиовиќ потпиша денеска одлука за одземање на одликувањата на Бранимир Главаш поради тоа што е осуден на затвор за воени злосторства над Срби. Кабинетот на хрватскиот претседателот исто така соопшти дека на Главаш ќе му биде одземен чинот генерал. Врховниот суд на Хрватска го осуди Главаш на осум години затвор поради воени злосторства над српски цивили во Осиек. Главаш по изрекувањето на пресудата изјави дека за 100 илјади куни ќе ги продаде своите воени и повоени одликувања на хрватски иселеник во Австралија.