Европската комисија денеска ја одобри втората транша од заемот за Грција. Од ЕК соопштуваат дека Атина ги исполнила условите за заздравување на буџетот и за излез од економската криза. Втората транша од заемот изнесува 9 милијардни евра од вкупно предвидените 110 милијарди евра , кои ги доделуваат земјите членки на евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд. За втората трашна земјите од евро зоната ќе обезбедат 6, 5 милијарди евра, а ММФ, 2, 5 милијарди.