Доколку има енормно покачување на цената на прехрамбените производи, Сојузот на синдикати ќе предложи субвенции од државата од стоковите резерви изјави в.д. претседател на ССМ Живко Митревски. Тој изјави и дека ќе покренат иницијатива за формирање на солидарен станбен фонд во кој ќе партиципираат Владата, ССМ и работодавачите. Митревски вели дека ќе предложат и своја синдикална потрошувачка кошница, во која ќе се пресметуваат освен парите за храна, и пари за сметки, за превоз, за облека и давачки за други потреби. Митрески ги повика останатите синдикати во Македонија да се обединат во корист на работниците и полесно да се надминат последиците од глобалната криза.