Авганистан го одбележува Денот на независноста

Авганистан денеска го прославува денот на независноста. На овој датум во 1919-та година Авганистан се ослободи од власта на Британија. Претседателот Хамид Карзаи денеска во Кабул го одбележа потпишувањето на Договорот од Равалпинди. На одбележување на Денот на независноста присуствуваше и командантот на заедничките американски и НАТО сили , Генерал Дејвид Петреус. Независност на земјата традиционално се прославува со паради и други јавни церемонии.