ОН го мобилизираат светот за помош на Пакистан

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе се обиде да ги поттикне напорите за финансиска помош на Пакистан, земја која е погодена со катастрофални поплави. На седницата се очекува да говорат претставници на 36 земји, меѓу нив и американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Претходно генералниот секретар Бан Ки Мун ќе го информира Собранието за неговата посета на Пакистан и за потребите од хуманитарна помош на околу 20 милиони луѓе погодени од поплавите.