Повеќе од 900 избирачки места за парламентарните избори во Авганистан следниот месец нема да се отворат поради стравот за безбедноста во земјата, соопштуваат од изборната комисија . Тие избирачки места се наоѓаат во 25 од 34 провинции, главно на југот и на истокот на земјата , каде што се упориштата на бунтовниците.