Кери - Подршката за Карзаи не е бесконечна

Американскиот сенатор Џон Кери му порача на претседателот на Авганистан дека неговите напори за борба против корупцијата се од клучно значење. Кери, кој претседава со Сенатскиот Комитет за надворешни односи, имаше две средби со претседателот Хамид Карзаи. Тој предупреди дека претседателот Карзаи и неговата влада треба да се разберат дека нема бескрајна поддршка доколку не ги исполнат повисоките стандарди на владеење.
Кери пристигна во Авганистан неколку дена по апсењето на еден од главните советници на Карзаи, Мохамед Зија Салехи, за наводно земање поткуп.