Рускиот дипломат во Романија-персона нон грата

Романија денеска за персона нон грата го прогласи рускиот дипломат во земјата, како одговор на тоа што вчера во Русија беше уапсен романски дипломат за шпионажа. Од Министерството за надворешни работи на Романија соопштуваат дека ја информирале руската страна за својата одлука на рускиот дипломат да му вратат за тоа што Русија уапси нивен дипломат.