Романија со критики до Русија за апсењето на дипломатот

Од романското министерство за надворешни работи денеска ја обвинија Русија дека ги нарушува дипломатските односи меѓу двете земји , со тоа што беше уапсен за шпионажа романски дипломат кој работи во амбасадата во Москва Од Руската служба за безбедност вчера соопштија дека го уапсиле дипломатот Габриле Грецу , затоа што се обидувал да дознае воени тајни од еден руски државјанин. Од министерството за надворешни работи на Романија, велат дека апсењето на дипломатот е прекршување на виенските конвенции за дипломатските односи.