Прекината терапијата на 16 пациенти од Онколошкото одделение во Битола

Шеснаесет пациенти од Онколошкото одделение при Клиничка болница-Битола денеска соопштија дека им е прекината терапијата поради немање цитостатици и недостиг од лекот „Таксол“. Фирмата која го увезува лекот имала проблеми со увозот и затоа пациентите останале без потребната терапија. Во Онколошкото одделение во Битола годишно се лекуваат над 1.000 пациенти од југозападниот регион на Македонија