Продадени 21 процент од акциите на Стопанска банка

Националната банка на Грција, која е мнозински сопственик на Стопанска банка денеска откупи уште 21 процент од акциите кои досега беа во рацете на Европската банка за обнова и развој и Групацијата на Светската банка ИФЦ. Со новите акции Националната банка на Грција сега поседува 94 проценти од акциите на Стопанска Банка. Вкупниот блок на акции беше откупен за 35 милиони евра. Стопанска банка АД Скопје на почетокот на 2000 година беше преземена од Националната Банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа.