Нови жртви од поплавите во Кина

Најмалку 36 луѓе загинале, а 23-ца се водат како изчезнати во новите поплави, предизвикани од силните дождови во кинеската провинција Гансу, јавија денеска кинеските медиуми. Многу домови и патишта биле уништени, а повеќе места останале без струја. Во провинцијата Гансу, во недамнешните лизгања на земјиштето, загинаа над 1.200 луѓе, а уште 500 сеуште се водат како изчезнати.