Обука за млади лидери во Охрид

Четириесет млади луѓе од регионот, десет дена ќе бидат дел од обуката за млади лидери која е во организација на Кабинетот на Претседателот на Македонија. Учесниците ќе имаат можност да следат предавања од истакнати професори од САД, Германија, Британија, Унгарија, Косово и Македонија. Целта на оваа школа ќе биде стимулација на вредностите на младите лидери од регионот и политичките, културните и стопанските предводници на нашата земја во иднина, изјави претседателот Ѓорге Иванов. Тој рече дека досега сосема малку се инвестирало во развој на младите, и затоа се надева дека обуката ќе прерасне во регионален едукативен центар за идните лидери.