Иран ќе продава обврзници за развој на гасно поле

Иранската национална телевизија објави дека земјата ќе издаде домашни обврзници вредни 3 милијарди евра за да го плати развојот на природното поле за гас Парс кое се наоѓа во перскискиот залив на брегот на Иран. Директорот на Парс оил и компанијата за гас, Али Вакили изјави дека првите обврзници ќе бидат на располагање на 21 август.