Русите му оддадоа почит на Тсои

Стотици фанови дојдоа во Санкт Петербург на гробот на Виктор Tсои рокенрол музичар кој својата слава ја достигна во времето на Перестројката на Советскиот Сојуз. Тсои и денеска е почитуван во Русија и надвор од неа. Неговото музицирање при крајот на 80-те години на минатиот век и начинот на облекување го емитираа стотици млади луѓе во тоа време. Тој загина на 15-ти август 1990-та во сообраќајна несреќа во Латвија.