Напад на полициска станица во Авганистан

Бунтовници предводени од еден узбечки лидер нападнаа полициска станица во Авганистан, при што загина еден полицаец. Претходно во НАТО напади на групата загинаа двајца нејзини членови. Од НАТО велат дека нападот бил предводен од командантот на исламското движење на Узбекистан . Соединетите држави движењето го прогласија за терористичка организација во 2000-та година и бунтовниците Узбеци беа протерани од Авганситан по американската инвазија во 2001-та. Но се верува дека дел од нив останале во пограничните области со Пакистан.