Нови жртви на западнонилскиот вирус

Двајца мажи од југоисточниот турски округ Тулча најверојатно се заболени од менингитис, предизвикан од западнонилскиот вирус јавија романските медиуми. Двајцата мажи завршиле во болница откако додека ловеле риби биле каснати од комарци. Наодите се испратени во Институтот за заразни болести во Букурешт, заради анализа. Во Грција, пак, како последица од заболувања предизвикани од вирусот починаа тројца луѓе.