Во Багдад застрелани 5 полицајци

Во Багдад денеска биле застрелани 5 полицајци. Првиот напад се случил утрово кога вооружан човек застрелал двајца полицајци кои спиеле во нивното возило на контролен пукнт во Нов Багдад. Половина час подоцна во областа Амид биле застрелани уште двајца полицајци . Вооруже ќовек нападнал и контролен пукт во југозападен Бадад и таму убил еден полицаец. Се уште не се знае дали престрелките биле координирани и дали се работи за истиот напаѓач.