ПКК ги прекинува нападите за време на Рамазан

Курдските бунтовници од Kурдскaта работничка партија објавија прекин на оганот се додека не заврши светиот месец Рамазан. Од Курдската работничка партија соопштуваат дека ќе ги прекинат сите воени операци во Турција, но дека ќе возвратат ако бидат нападнати. Тие соопштуваат и дека прекинот на огнот може и да се продолжи ако Турција престане со воените операции, ги ослободи политичките затворениц и започне мировен процес.