Кина ги смета за провокација американско - јужно-корејските вежби

Одлуката на Соединетите Држави да испрати носач на авиони на нуклеарен погон на заедничките вежби со Јужна Кореја, според претставник на кинеската морнарица, е нова провокација против Кина и нејзините соседи. Тој оценил дека провокациите против кинескиот народ не се од интерес на Соединетите Држави.