Иранската нуклеарка ќе проработи на 21 август

Првата иранска нуклеарна централа во Бушер ќе биде отворена на 21 август. Ова денеска за Франс Прес го изјави портпаролот на руската атомска агенција Розатом Сергеј Новиков. ,,Реакторот ќе биде наполнет со нуклеарно гориво на 21 август и од тогаш Бушер може да се смета за нуклеарна постројка,, изјави тој. Иран е под санкции на Обединетите нации, бидејќи меѓународната заедница се сомнева дека Техеран всушност се обидува да дојде до нуклеарно оружје.