Демонтирана бомба во Анкара

Турската полиција денеска демонтирала рачно изработена бомба поставена во близина на полициски комплекс во Анкара. Агенцијата Анадолија јави дека бомбата била во пластична кеса и оти ја пронашла откако претходно добила порака за неа. Се уште не е јасно кој би можело да ја постави бомбата направена од три ипол килограми пластичен експлозив поврзан со детонатор на мобилен телефон.