Македонски тим ќе гасне пожари во Русија

Македонија ќе се вклучи во акцијата за гаснење на пожарите во Русија. Попладнево Владата донесе одлука да се испратат два специјални авиони за гасење пожар со комплетни екипажи составени од четири пилоти, два инженери и еден техничар, како и дваесет специјално обучени луѓе за справување со огнени стихии кои директно ќе се вклучат во операциите за гасење пожари. Се очекува во најскоро можно време помошта да стигне во Русија, а македонскиот тим да им се приклучи на меѓународните тимови кои работат на санирање на последиците од пожарите.