Иранката осудена на смрт со каменување заради прељуба, во интервју на иранскaта државна телевизијa го призна делото. Нејзиниот случај ја шокираше меѓународната јавност и го сврте вниманието кон нејзиниот случај. Таа призна и дека со човекот со кој била во врска го убиле нејзиниот сопруг. Претходно таа негираше дека извршила прељуба. Се уште е нејасно дали исповедувањето било вистинско или таа била мачена и принудена да го признае делото јавно. Од Комитетот за стопирање на каменувањето, телевизиското интервју го нарекле „отровна пропаганда“.