Турција:пожари по експлозија на нафтовод

Турски пожарникари се борат со пожарите предизвикани од експлозија на нафтоводот Киркук-Џејхан за која се претпоставува дека ја предизвикале бунтовници на Курдската работничка партија. При експлозијата која се случи вчера загинаа двајца луѓе, а еден беше ранет. Поради пожарот е запрен протокот на нафта која доаѓа од Ирак.