Стечајците на два часа ќе го блокираат Куманово

Стечајните работници и оние прогласени за технолошки вишок во знак на протест поради неостварените барања, денеска од 10 до 12 часот ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово. Лиљана Георгиевска, претседател на Здружението „Унит“ посочи дека нема да престанат со протестите се додека надлежните не изнајдат решение за нивниот социјален статус.
Таа информира дека за протестот ја известиле полицијата и упати апел до возачите и граѓаните за трпение и разбирање.
Масовни протести пред Владата и Собранието на Република Македонија, стечајците најавуваат по завршувањето на летните одмори, по 1-ви септември.